Велосипедист избега откако во судирот тешко повреди друг велосипедист

Едно лице е тешко повредено синоќа во судир помеѓу два велосипеди на велосипедска патека на кејот на реката Вардар во Центар.

-Вчера дојде до несреќа помеѓу велосипед управуван од К.Е.(38) од Скопје и друг велосипед кој го напуштил местото, велат од МВР.

Скопјанецот се здобил со тешки повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Претходна вестВрачено Рациновото признание на Блаже Миневски за романот „Ако се родат некакви чувства“
Следна вестПо санацијата дозволен сообраќај за лесни возила на патот Каменица – Делчево