Врачено Рациновото признание на Блаже Миневски за романот „Ако се родат некакви чувства“

На македонскиот писател Блаже Миневски синоќа во Велес му е врачено Рационовото признание за делото „Ако се родат некакви чувства“. Оваа значајна награда му е доделена во конкуренција на 14 пристигнати книги на исто толку македонски автори. Наградата ја врачи велешкиот градоначалник Марко Колев во рамките на свеченото отворање на годинешните,јубилејни, „60 Рацинови средби“ што се одржаа синоќа во Спомен костурницата во Велес.

-Со ова признание се чувствувам и возбуден и почестен. Рацин беше секогаш присутен во сите мои книги и како инспирација и како лик. Позната е мислата дека убавината ќе го спаси светот, јас тоа во овој награден роман го трансформирав во „чувствата ќе го спасат човештвото“. Без чувства нема среќа, без среќа нема иднина, кажа Миневски на синоќешното доделување на наградата.

Делото е условно речено историски роман, за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче, авторско видување со интервенирање во историските факти.

Претходна вестПочина претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски
Следна вестВелосипедист избега откако во судирот тешко повреди друг велосипедист