Успешен настап на македонски музичари на Фестивалот на класична и експериментална музика во Тирана

На покана од македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, Албанија, на Фестивалот на класична и експериментална музика „Магична флејта“ синоќа настапија македонските музички состави „Трио Академико“ и „Македонски дувачки квартет“.

– Последниот дел од концертот, македонските заедно со албански класични музичари, изведоа две нови дела од реномираниот албански композитор Фатос Керимај. Минатата година на истиов фестивал се претстави нашата млада и талентирана пијанистка, Ивана Мазнејкова, нагласуваат од КИЦ-Тирана.

Од КИЦ -Тирана информираат дека македонските музичари се претставиле со получасовна програма.

Претходна вестУбаво: Финансиски наградени првенците на генерација во општина Гази Баба
Следна вестПостојат фотографии како луѓе од СДСМ бараат помош од Груевски, тврди Зоран Димитровски од ДС