Мултимедијалниот уметник Глигор Кондовски вечерва настапува во Социјалниот центар „Дуња“

Мултимедијалниот уметник Глигор Кондовски има сериозно аудиовизуелно искуство зад себе, создадено со работа во областите на музиката, фотографијата и филмот. Неговото творештво е мултимедијално и со секој збор, слика, тон или филмски кадар трага по индивидуалната слобода.

Зад себе веќе има сериозен аудиовизуелен багаж, кој во последно време сѐ почесто го претставува пред културната јавност.

Неодамна го промовираше албумот „Encounter / Средба“, кој е издаден за „ПМГ Џез“. Неговата музика се движи од амбиенталниот/синематски звук до акузматика и саундскејп варијации. Станува збор за комбинации на звуци, електроника и виолина.

Настапот на Глигор Кондовски ќе се одржи на 22 јуни, со почеток во 20 часот, во Социјален центар „Дуња“ во Скопје.

Претходна вестНаселението на Германија се зголемило за неверојатни 1.122.000 луѓе, најмногу се населиле Украинци
Следна вестЛани во Македонија имало шест убиства и 98 самоубиства, најмалку во последните 29 години