Сообраќајната некултура никако да биде избркана од скопските улици. Многумина возат надвор од било какви правила и ставаат во ризик многу учесници во сообраќајот. Полицијата уверува дека сето тоа го санкционира.
Низ Скопје вчера биле изречени вкупно 156 казни. За возење над дозволената брзина имало 24 санкции, 9 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени биле 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Од МВР најавуваат дека и понатаму ќе вршат контроли.
Дали контролите се доволни или треба да се засилат? Одговорот може да се види ако се застане само 15-тина минути на некоја поударна скопска крстосница.