Македонски автобус полн со патници за малку ќе паднеше во Морава заедно со мостот што се урна

Само 20 минути пред надојдената Западна Морава да го урне мостот што ги поврзува чачанските села Мрчајевци и Слатина, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај тоа што сообраќајот беше во прекин со одлуката од 7 ноември, 2022, да го помине мостот.

Не е познато зошто македонскиот автобус возел по тој пат, но можно е возачот да следел лоши навигациски мапи, кои одамна не се ажурирани, или пак некој го упатил таму велејќи им дека мостот во Адрани е веќе урнат. Но, ако автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост меѓу Мрчајевци и Слатина во моментот кога поројот во голема мера ги уништи столбовите на мостот – можело да се случи огромна трагедија!

Благодарение на професионалноста на српските сообраќајни службеници кои вредно ја извршуваат својата работа, спасени се животи.

Мостот на Западна Морава рано утринава беше целосно уништен од бран на надојдената река поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Чачак и неговата околина. Во општина Чачак поплавите се смируваат, но и понатаму предизвикуваат големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита во текот на ноќта работеа на испумпување на водата од каналот за наводнување за да не се излее и да ја поплави населбата Кеј.

Претходна вестПолицијата казни 109 возачи за немање дозвола и зборување на мобилен
Следна вестПетрушевски: Владата нема 80 пратеници, уставни измени под бугарски диктат нема да има