Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени тој посочи дека јасно е дека власта нема обезбедено 80 пратеници за промена на Уставот.
– Она што е факт по лидерската средба е дека власта нема обезбедено 80 пратеници за промена на Уставот. Она што е факт дека единството на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е нескршливо и уставни измени под бугарски диктат нема да има, истакна Петрушевски.
Петрушевски уште еднаш го повика Димитар Ковачевски да не биде кукавица и да прифати дуел со претседателот Христијан Мицкоски за да сите овие недоумици доколку ги имаат да им бидат расчистени на јавна сцена.