На граничниот премин „Богородица“ се чека и повеќе од 1 час. Уште од раните утрински часови долги колони возила чекаат излез кон Грција, соопштуваат од АМСМ.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.