Промоција на стихозбирката „Туѓинец во својата земја“ од Раде Силјан

Во паркот на книгата на „Матица ексклузив“ вечер од 19 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Туѓинец во својата земја“ од Раде Силјан. Книгата ќе ја претстави Иван Антоновски, стихови ќе чита актерот Ѓорѓи Јолевски, а промоцијата ќе биде збогатена со музика во изведба на Драган Даутовски и Драган Мијалковски.

Раде Силјан е автор на богат поетски и критичко-есеистички опус и добитник на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Браќа Миладиновци“, „Ацо Шопов“, „Кочо Рацин“, „Димитар Митрев“, како и на државните награди „11 Октомври“ и „Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата.

Дваесет и осум негови книги се преведени на: англиски, руски, турски, грчки, италијански, бугарски, српски, унгарски, полски, латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, молдавски, босански и албански јазик.

Претходна вестТЕЦ Битола е најголемиот загадувач со сулфур-дикосид на целиот Западен Балкан
Следна вестЃорче Петров фино објаснил колку вредат српските и бугарските аргументи за Македонците