Од понеделник до петок секоја вечер во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 10 до 14 јули, од понеделник до петок, во период од 22 до 3 часот наредниот ден, ќе се реализира третата фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, соопшти Град Скопје.

Претходна вестOхриѓанец со автомобил удрил во пешак и три паркирани возила
Следна вестЛога побарал да се укине дискреционото право на министерот за избор на нотари и извршители