Едно лице е тешко повредено при судир на мотоцикл и автомобил во скопско Маџари. Несреќата се случила вчера на крстосница од улиците Перо Наков и Боривое Милошевиќ помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од Ѓ.И.(28) од Скопје и мотоцикл „сузуки“, управуван од А.С.(45) од село Арачиново, скопско.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
Жителите повеќепати се жалат дека на улицата се вози брзо, а во опасност се доведуваат нивните животи. Тие посочуваат дека повеќепати барале од Град Скопје, да се најде решение за овој проблем, пред некој да настрада.