Темен режим Режим на светлина

АМСМ: Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Радовиш

Нормализиран за сообраќај е регионалниот пат Струмица – Радовиш кој беше во прекин по сообраќајна несреќа, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Патот беше затворен за сообраќај во 09:45 часот поради опожарна цистерна која превезувала 20 тони нафта.

-Во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата информираа од Центарот за управување со кризи.

Возилото се запалило на еден километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица-Радовиш,а на терен излегле шест пожарникари и две противпожарни возила , додека четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Европа се подготвува за рекордни температури, температура до 48 степени

Следна објава

Сообраќајка во скопско Маџари, тешко повредено едно лице