Едно лице е загинато во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во близна на Битола. Според првичните информации, до незгодата дошло откако се судриле патничко возило и камион кај местото наречено „Кукречанска раскрсница“.
-Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин, потврдија од СВР-Битола.
Се очекува во текот на денот детална информација за причините за тешката сообраќајна несреќа.