Малолетник и двајца скопјани беа каснати од кучиња-скитници во три одвоени напади во скопските општини Ѓорче Петров и во Гази Баба.
-На 28.07.2023 во 12:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров А.Љ.(47) од Скопје пријавила дека на ул.„Наум Чакарев“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Истиот ден во 14:23 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Д.И.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Георги Казепов“ бил каснат од куче скитник, се наведува во информацијата.
На 28.07.2023 во 13:40 часот во Полициската станица Гази Баба Б.П.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ бил каснат од куче скитник.