Темен режим Режим на светлина

Изнајмил возило и не го вратил – Кривична за скопјанец

Скопјанец кривично ќе се гони затоа што изнајмил возило и потоа не го вратил.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ц.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, од компанија за изнајмување на возила, изнајмил патничко возило „киа“, кое не го вратил според договорот и се стекнал со противправна имотна корист од 979.530 денари, соопштија од полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува дополнително намалување на цените на околу 2.500 производи

Следна објава

Мицкоски со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците