Темен режим Режим на светлина

Двајца малолетници од Скопје каснати од кучиња скитници

Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар Глутница кучиња речиси секојдневно напаѓаат минувачи, ги има многу и на кејот на Вардар

Во полицискиот билтен забележани се три случаи на каснување од куче на подрачјето на Скопје, при што двајца од повредените се малолетници, а една е тинејџерка.

Првиот случај е регистриран вчера во 11.20 часот во Полициската станица Центар, кога Г.Н.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Малолетно девојче е каснато од куче на бул.„Асном“ во Скопје, а случајот во Полициската станица Аеродром го пријавила И.Д.(40) од Скопје.

Третиот случај е пријавен во 17.10 часот исто така во Полициската станица Аеродром, И.Ј.(19) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната одкуче скитник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Момче и девојка од Крушево повредени во сообраќајка

Следна објава

ДУИ го осудува нападот врз претседателот на ФФМ, Муамет Сејдини: Повик за институционална реакција и рефлексија за меѓуетничките односи