Дваесет и две години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Во Прилеп вчера почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“ со поклон пред спомен обележјето во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Почит на загинатите пред спомен-обележјето во касарната делегации на АРМ, Владата и Општината, како и семејствата на загинатите и здруженија на бранителите.

Во чест на загинатите бранители, беа посетени нивниот споменик во прилепското село Лениште и манастирот „Света Петка“ во ова село.

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата.

Претходна вестВремето денеска ќе биде облачно и посвежо со температура до 30 степени
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Преку соопштение од МВР известија дека поднеле пријава против градоначалникот на Кочани, но ни буква, ниту збор, а не пак истрага за Рамиз Мерко