Регулаторната комисија за енергетика одлучија горивата од вечерва на полноќ ќе се продаваат по поскапи цени. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава поскапо за 1,5 денар, и од утре ќе изнесува 88,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 95 исто така поскапува за 1,5 денари и ќе се продава по цена од 86,5 денари по литар.
Се зголемува и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ исто за 1,5 денари и ќе изнесува 81 денар.
За 1,5 денари се зголемува и цената на екстра лесното масло и ќе се продава за 80,5 денари по литар. За 0,8 денари посакапува и мазутот, и неговата нова цена ќе биде 46,6 денари.