Гичевска потпиша за Стинта Букурешт

Македонската ракометна репрезентативка, Леонида Гичевска го напушти француски Безансон и во новата сезона ќе игра за Стинта Букурешт од Романија.

Романскиот тим денеска ја промовираше како ново засилување и се надева на добри настапи на Гичевска.

Ѝ посакуваме среќа во дресот на Стинта Букурешт и сакаме да оствариме многу позитивни резултати заедно“, напишаа од клубот.

Гичевска досега во кариерата играше за Вардар, Металург, Куманово, Ле Пузин и Локомотива Загреб.

Претходна вестМалолетник претепан од неколку лица на Бит Пазар
Следна вестНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата