Малолетник претепан од неколку лица на Бит Пазар

Малолетник бил нападнат од неколку лица во близина на трговски центар на Бит Пазар.

– Денеска (14.08.2023) во 03.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(54) од с.Страхојадица, скопско, пријавил дека околу 00.30 часот, во близина на трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПаднаа цените на нафтата на меѓународните пазари
Следна вестГичевска потпиша за Стинта Букурешт