Партијата на Македонците во Србија бара да се преиспита признавањето на Косово

Партијата на Македонците во Србија како реакција на истакнувањето на знаме со Голема Албанија при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово бара преиспитување на одлуката за признавање на Косово од страна на Македонија. Тие велат дека одлуката за признавање на Косово е донесена спротивно на волјата на народот.

-Одлуката е донесена спротивно на волјата на народот и треба да се распише референдум. Го признавте Косово иако од Косово имавме класичен упад на Косовскиот заштитен корупус и напад на воен конвој од АРМ од страна на косовските сили. За амнестираните терористи има споменици, станаа државни функционери, претседател на Собрание, а се уште се нарекуваат команданти!? А за загинатите припадници на АРМ нема решен статус и обележјата (а не споменици) им се кршат. Во која држава во светото го има тоа, терористи (УЧК е прогласена за терористичка организација) сега да управуваат со државни институции. Поголема штета прават денес што ги рушат институциите, како продолжение на 2001 година, реагираат од Партијата на Македонците во Србија.

Партијата прашува дали АНБ си ја врши својата работа ако дозволува „низ државата да се шетаат лица со странски знамиња (бугарски и на голема Албанија)“.

Од друга страна, сметаат од Партијата на Македонците во Србија, во земјава се уништени државните институции и направена е нефункционална држава со вработување на нестручни и корумпирани партиски кадри, има огромна корупција за која ништо не се презема.

Претходна вестДве деца нападнати во Аеродром и во Карпош
Следна вестКосовската претседателка Османи за знамето на „голема Албанија“: Мало недоразбирање, сакаме добри односи со Северна Македонија