Косовската претседателка Османи за знамето на „голема Албанија“: Мало недоразбирање, сакаме добри односи со Северна Македонија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека посетата на премиерот Албин Курти во Македонија била погрешно разбрана. Таа тврди дека истакнувањето на знамето на „голема Албанија“ во Тетово не било организирано, туку граѓаните го донеле самоиницијативно, пренесува „Коха“.

Таа посочи дека албанската заедница која живее во Македонија продолжува да придонесува за изградбата на таа земја и дека тоа го знаат институциите.

– Верувам дека тоа е мало недоразбирање. Кога ќе имаме взаемна волја, која секогаш сме ја докажувале, ќе се надмине, знаејќи дека сите косовски институции се заинтересирани само за раст на позитивните односи со Северна Македонија, рече Османи.

Политичките фактори настапот на Курти го гледаат како националистички, за време на чиј говор, пред илјадници поддржувачи во Тетово, јавно беше истакнато знамето на „голема Албанија“. Скандалот продолжи кога снимките со симболот со територијални претензии ги сподели на социјалните мрежи, тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Билал Касами кој беше организатор на настанот, а и го пречека со песна „Добредојдовте во Албанија“.

Претходна вестПартијата на Македонците во Србија бара да се преиспита признавањето на Косово
Следна вестСелото Врбица беше 100 посто загрозено, го спасија авионите и пожарникарите