Во Скопје се вози без дозвола, се поминува на црвено….

Полицијата во Скопје и вчера ловела несовесни учесници во сообраќајот. Делела и казни.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола соопшти МВР.

Возењето без возачка дозвола е нешто што посебно загрижува. Особено што таа појава е многу честа. Надлежните мора да најдат начин сето тоа да се намали.

Загрижува и дрскоста со која некои возачи поминуваат на црвено на семафор. Секој таков обид е потенцијална опасност и за возачот и за другите учесници во сообраќајот. А вчера полицијата затекнала и казнина пет лица за минување на затворен сигнал (црвено светло).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила. Вели и дека контролите ќе продолжат.

Претходна вестСелото Врбица беше 100 посто загрозено, го спасија авионите и пожарникарите
Следна вестДенес протест во Тетово: Се бара правда околу стравичниот пожар во модуларната болница