Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. УВ=7
Утринската температура достигна 19 степени, додека дневната ќе се искачи до 33 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата изутринава изнесуваше 14 степени, а преку ден ќе достигне 31 степен.