Како дел од богатата културна понуда во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028 вечерва на локацијата кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк организираме филмска вечер на отворено со проекцијата на хитот “Панкот не е мртов”, соопшти Градот Скопје.
Филмот “Панкот не е мртов” од режисерот Владимир Блажевски ќе почне во 20 часот.
-Бесплатните кино проекции на отворено ја збогатија културната понуда во топлите летни вечери и го привлекоа вниманието на многу граѓани кои го посетуваат Градскиот парк и уживаат со проекциите на македонски филмови, наведуваат организаторите.