Гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише…’’, биле зборовите со кои осумгодишното дете побарало помош на бројот за итни случаи 112 за себе и за својот татко. Тоа претходно доживеало сообраќајна несреќа откако возилото со кое управувал неговиот татко доживеало тешка соорбаќајна несреќа по излетувањето од патот меѓу Дреново и Кавадарци.
По приемот на повикот надлежните служби во комуникација со детето успеале да го лоцират возилото кое излетало дури 22 метри од патот и да пристигнат за да им укажат помош. Возилото е тешко оштетено и вистинско чудо е како и двајцата ја преживеале незгодата.
За овој случај на нивниот профил на Фејсбук информираа од ТПЕ Кавадарци
-Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, автомбилот е пронајден а двајцата со тешки повреди се пренесени во Општа Болница Кавадарци а оттаму во Скопје. Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите -,,гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише“, се наведува во ФБ статусот на ТПЕ Кавадарци.