Темен режим Режим на светлина

Преку ден сончево, во текот на ноќта ќе има локален дожд

Времето денес променливо облачно со силен северен ветер Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а од вечерните часови облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец, кој кон крајот на денот долж Повардарието ќе засилува, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 7.

Во Скопје сончево, попладне со умерена, а кон крајот на денот со значителна облачност облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 33 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тешко повредено осумгодишно дете се јавило на 112 за да побара помош по сообраќајката на патот Дреново – Кавадарци

Следна објава

Казнети 138 возачи, 19 биле пијани