Темен режим Режим на светлина

СДСМ: За криминални работи на Клиниката за онкологија се зборува 20 години

СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

Од владеачката партија СДСм денеска соопштија дека акцијата на надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за сузбивање на криминал на Клиниката за онкологија е соодветна и заслужува целосна поддршка од сите.

– За вакви криминални работи се зборува 20 години, но сега првпат надлежни институции и Влада предводена од СДСМ се зафаќаат со негово расчистување.

Наводите и сомневањата врз основа на коишто се постапува се згрозувачки и за секоја осуда.

Инситуционалното постапување е вистински начин за што поскоро целосно расчистување на случајот и одговорност на сите инволвирани, за целиот опфатен временски период.Без сензационалистички злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри, само професионална и брза институционална разрешница, согласно законите, ќе ја утврди точно одговорноста и сите вмешани, години наназад, ќе ги изнесе пред лицето на правдата, се наведува во реакцијата од СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Кривична и политичка одговорност за скандалот на Онкологија

Следна објава

Ѓорге Иванов на утрешениот Форум за културна дипломатија ги пречекува Јосиповиќ, Тадиќ, Стојанов, Топи...