И без една нога Алексо Демниевски Бауман го предводеше 15-тиот Македонски корпус на Сремскиот фронт

Шпанска граѓанска војна од 1936 до 1939 година беше школа и мегдан за многу македонски револуционери. Меѓу припадниците на интернационални бригади од 55 земји  кои што се бореа за одбрана на Републиката имаше и 137 Македонци, од кои дури 65 ги положија своите животи против воведувањето на диктатурата на Франциско Франко. Меѓу македонските борци се најде и велешанецот Алексо Демниевски – Бауман. Тој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на поробени народи.

Сепак, овој македонски револуционер е попознат по своето учество во ослободувањето на тогашна Југославија од фашистичкиот окупатор во Втората Светска Војна. најзначаен дел од тоа негово делување е кога на 1 јануари 1945 година бил поставен за политички комесар и командант на Петнаесеттиот македонски корпус кој имал повеќе од 20.000 борци и кој учествува во борбите на Сремскиот фронт.

Неговиот корпус на 13 април 1945 година дава големи жртви и придонес во ослободувањето на градови во Хрватска и Словенија: Винковци, Славонска Пожега, Славонски Брод, Загреб и Цеље. По ослободувањето на земјата врши воени функции и станува генерал-потполковник на ЈНА, а умира на денешен ден – 5 септември 1961 година во Белград.

Инаку, тој уште во Шпанија зборувал за ослободување на Македонија.

-Тука се борам затоа што шпанската борба ја поистоветувам со македонската, а борбата против меѓународниот фашизам ја сметам и за борба против македонските поробувачи, им зборуваше Алексо на своите соборци во рововите на Гвадалахара и Сарагоса каде најмногу војуваше и каде исто така раководеше со воени групации. Во август 1938 е ранет во борбите на Арагонскиот фронт и му е ампутирана ногата, што не му прешело да се врати во својата земја и да се бори за нејзино ослободување.

Претходна вестМакедонистичките научни вистини и македонскиот збор и натаму ќе одекнуваат низ светот
Следна вестНаучниците предвидуваат: Не очекува глобална експанзија на суво земјиште