Синоќешниот протест пред Владата испрати силна порака дека на многу граѓани во Македонија им зовре поради монструозните настани на Онкологија за каде има сериозни сомнежи дека се крадела терапија за болни од карцином, а болните се „лечеле“ со физиолошки раствор. „Убијци“ беше најчестиот транспарент пред зградата во која министрите ја кројат судбината на македонските граѓани.
-Дојдов на протестот поради сочуство со жртвуваните пациенти. Дојдов да барам реална истрага, а не шминка како до сега што правеа, а и барам оставки од првите ешалони на власта, ни истакна синоќа еден од присутните на протестот на кој имаше многу луже иако вртеше дожд.
Дали ова власта го слушна и ќе го уважи не е познато. Но, познато е дека двајца членови од младината на „Левица“ беа приведени и однесени во Полициската станица Центар. Наскоро пред полициската станица се собраа многу членови на оваа партија по што активистите беа пуштени да си заминат.
-Наместо да апсат на Онкологија, портиската полиција апси деца од Црвена младина. Дојден е адвокат и Левица ќе ги покрие сите трошоци. Веќе народ не им се плаши за ништо, истакна лидерот на партијата Димитар Апасиев.
Протести имаше и пред Обвинителството.