Полициските служби уапсиле три лица меѓу кои и швајцарски државјанин бидејчи во возилото кое се превезувале пронашле марихуана и нож. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово.
– Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 23.40 часот, на улицата Илинденска во Тетово, ги лишиле од слобода 48-годишниот Г. Е. и 36-годишниот Л. Ф. од Гостивар и швајцарскиот државјанин, 33-годишниот Р. Б. При нивен и преглед на патничкото моторно возило „фолксваген тигуан“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана, а на Г. Е. му бил одземен и нож, соопшти СВР Тетово.
Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе им бидат изготвени поднесоци.