Темен режим Режим на светлина

Македонските џудисти освоија две бронзи на Балканското првенство во Пеќ

Македонските џудисти се закитија со две бронзи на Балканското првенство во Пеќ. Бронза освои Македонската џудистка Катерина Ацевска во својата категорија +78 кг.

– Заврши Балканското првенство во џудо за сениори во Пеќ, Косово, од првиот натпреварувачки ден кога се одржуваа борбите во поединечна конкуренција, Катерина Ацевска успеа да освои медал. Македонската џудистка Ацевска во својата категорија +78 кг. се закити со бронзата.

Вториот натпреварувачки ден на програмата беа борбите во екипна микс тим конкуренција, каде нашите репрезантативци дојдоа до бронзата.

Македонија беше во состав: Андреј Симоноски -73 кг., Кристина Мантароска -70 кг., Андреј Чакаровски -90 кг. и Катерина Ацевска +70 кг, се вели во соопштението на Македонската џудо федерација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пронајдена марихуана и нож, уапсени три лица

Следна објава

Семејствата на жртвите во пожарот во модуларата болница бараат ново обвинение