Македонските фудбалери како фаворити стигнаа во Малта, ќе одат на три бода

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера стигна во Малта каде утре ќе го одигра вториот натпревар од септемврискиот циклус во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

По ремито на домашен терен против Италија (1-1) „црвено-жолтите“ во одлична атмосфера стигнаа во Малта каде ќе се борат да освојат три бода.

По стигнувањето на аеродромот во Малта, вработените веднаш тргнаа по „селфи“ со Елиф Елмас.

Со оглед на фактот дека на островската земја има многу Македонски кои таму работат се очекува македонските репрезентативци да имаат голема подршка на стадионот.

Претходна вест100 „историски“ конференции и самити одржаа – народот слабо фајде виде
Следна вестЃоковиќ: Да не бев од Србија, одамна ќе ме креневте до небото