Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се основа анкетна комисија за утврдување на политичка одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал со работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Предлогот беше поднесен од 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а утврдената комисија најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието.
Комисијата ќе утврдува дали биле загрозени основните човекови права на пациентите, а за тоа ќе ја информира и Владата, Државната комисија за спречување на корупција и Основното јавно обвинителство.
Во телото ќе членуваат шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците.