Над Северниот пол се формира нов поларен вртлог кој влијае на времето во САД, Канада и Европа

Над Северниот пол се формира нов поларен вртлог, кој забрзано се зајакнува, а со доаѓањето на зимата зајакнувањето ќе продолжи. Поларниот вртлог долго време влијае на зимското време во САД, Канада и Европа, особено ако почне да се спушта. Toa jа отсликува силата на стратосферската поларна циркулација, а во зима е важно дали е силна или слаба, бидејќи создава сосема поинаков временски исход на површината.

Имено, како што се приближуваме до есента, поларните предели почнуваат да се ладат бидејќи до Северниот пол стигнува помалку сончева енергија. Сепак, додека температурите паѓаат во поларните региони, атмосферата е сè уште релативно топла на југ. Ова создава температурна разлика помеѓу поларните и суптропските региони, поради што почнува да се развива голема циклонска циркулација на низок притисок низ северната хемисфера и се протега од површинските слоеви во атмосферата. Ова е познато како поларен вртлог, пишува порталот „Severe Weather Europe“.

Поларниот вртлог се однесува како многу голем циклон и ја покрива северната хемисфера, поточно делот од северниот пол до пониските географски ширини. Присутен е на сите атмосферски нивоа, а на различни надморски височини може да има различни форми.

Овој вртлог прави разлика помеѓу многу студена и снежна зима или топла и сува зима. Затоа, силен поларен вртлог генерално значи силна поларна циркулација која го задржува постудениот воздух во поларните региони. Ова создава поблаги услови за поголемиот дел од САД и Европа, што значи дека зимата може да биде потопла од просекот.

Ладењето на стратосферата генерално започнува во август, а се зголемува во текот на септември и октомври, додека најстудениот период се постигнува во ноември и декември, кога поларниот вртлог е најсилен.

Како што станува постудено, поларниот вртлог станува се посилен бидејќи му е погодна разликата во температурата и притисокот помеѓу поларните и јужните региони на северната хемисфера, пишува „Severe Weather Europe“.

Претходна вестОбвинителство: 20-тина пациенти се јавиле за да и помогнат на истрагата за Клиниката за онкологија
Следна вестОд следната среда за 10 отсто пониски цени за над 50 основни прехранбени производи