Холанѓанец бил пронајден мртов во куќа во охридското село Трпејца. При преглед од лекар било констатирана смрт без траги на насилство.
– Вчера, во 5.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајден починат 58-годишниот П. Е. Х. од Холандија, извести СВР Охрид.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребалното претпријатие.