Апасиев: Шефот на скопското ЈО избран во време на ДПМНЕ чува 30 кривични против владини функционери

Денес од Левица соопштија дека од партијата е поднесена уште една кривична пријава против актуелниот заменик-министер за труд и социјална политика Енвер Хусејн. Пријавата е поднесена за сторено кривично дело против службената должност – „Фалсификување службена исправа“, казниво по чл. 361 од Кривичниот законик, за кое е запретена затворска казна до пет години.

Голем дел од поднесените кривични пријави од Левица не се процисуираат, велат од партијата, а главна причина за ова е соработката и меѓусебното амнестирање на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ. Претседателот на партијата Димитар Апасиев, соопшти дека Гаврил Бубевски, шефот на Скопското јавно обвинителство чува 30 кривични предмети иницирани од Левица против владини функционери.

Како што сподели Апасиев, овој обвинител е избран во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

– Гаврил БУБЕВСКИ, шефот на Скопското јавно обвинителство (кој беше избран во време на Грујо со пусулче од Општински комитет на ДПМНЕ) – чува 30 кривични предмети иницирани од Левица против владини функционери, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

Претходна вестХоланѓанец пронајден мртов во куќа во охридска Трпејца
Следна вест25-годишник силувал 81-годишна старица од струмичко