Пари за оружје има, а повеќе од 700 милиони луѓе во светот не знаат кога повторно ќе јадат

Многу население на планетата е гладно. Имено, повеќе од 700 милиони луѓе се несигурни кога или дали повторно ќе јадат, а побарувачката за храна незапирливо се зголемува како што пресушува хуманитарната помош, рекоа во одговорните во за храна во Обединетите Нации.

Извршната директорка на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн, на седницата на Советот за безбедност на ОН рече дека поради недостиг на финансии, агенцијата била принудена да ги намали оброците на храна за милиони луѓе и дека истите се уште се намалуваат.

-Сега живееме со серија симултани и долгорочни кризи кои ќе продолжат да ги поттикнуваат глобалните хуманитарни потреби, рече таа, додавајќи: „Ова е новата реалност на хуманитарната заедница – нашата нова нормала – и ќе се справиме со последиците во наредните години“.

Се проценува дека страдаат околу 45 милиони деца на возраст под пет години од акутна неухранетост. Според проценките на WFP, од 79 земји во кои работи агенцијата со седиште во Рим, до 783 милиони луѓе – секој 10 од светската популација – сè уште легнуваат гладни секоја вечер, пренесуваат агенциите.

Може ли светските лидери да помогнат сето ова да се ублажи – искорени? Или големи пари сега пред се се даваат за оружје?

Претходна вестНаправиле сообраќајка, па го нападнале и му се заканувале
Следна вестДве лица повредени со нож, маж излегол од џип и ги нападнал