На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=5
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 29 степени.