Темен режим Режим на светлина

Приведени лицата што му се закануваа на градоначалникот на Гази Баба

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М., Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба.

Тој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково.

Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и денеска сторителите се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје по брза постапка за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.4 од КЗ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Маж полнел гориво во туби на име на болницата во која работел

Следна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Променливо облачно и нестабилно, попладне дожд