Темен режим Режим на светлина

Засилени полициски контроли во Дебар маало по пријавите за педофилија и ширење на дроги

Во населбата Дебар маало во скопската општина Центар синоќа се спроведени засилени полициски контроли по добиените пријави за педофилски напад и ширење на дроги. Зајакнато полициско присуство побараа граѓани кои одржаа средба со градоначалникот на Центар Горан Герасимовски. Полицијата завчера приведе пијан педофил кој нападнал тригодишно дете и го допирал.

Градоначалникот Горан Герасимовски синоќа заедно со полицијата беше во обиколка на критичните места од каде најави засилено полициско присуство, особено во делот околу Градскиот парк.

– Вечерва со МВР договоривме засилено полициско присуство за да ја зачуваме безбедноста на децата и граѓаните. Насилничкото однесување во општината е силен аларм не само за институциите туку и за нас родителите. Затоа упатувам апел и до родителите будно да ги следат децата и работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно злоупотреба на дрога која е огромна опасност кај младите. Воедно ги охрабрувам граѓаните поактивно да пријавуваат и алармираат можни нарушувања на јавниот ред и мир во МВР – рече Горан Герасимовски, градоначалник на Центар.

И портпаролот на МВР, Тони Ангеловски апелира до граѓаните да пријават каков било инцидент, сѐ со цел заштита на безбедноста на граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Градоначалникот на Њујорк денеска ќе го крене македонското знаме

Следна објава

Голем аеромитинг на Стенковец по повод 100 години македонска авијација