Жител на Демир Капија е притворен откако сопругата го пријавила за физички напад врз неа, соопшти МВР.
Се работи за лице на 36-годишна возраст.
– Вчера во 18.30 часот во Демир Капија од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.П.(36) од Демир Капија, затоа што, според пријавеното, околу 17 часот во семејниот дом во Демир Капија физички ја нападнал неговата сопруга, велат од МВР.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.