Приведен скопјанец, ги нападнал сопругата и синот

Вчера во 14 часот полициски службеници го лишиле од слобода Г.Л.(44) од Скопје, поради тоа што во домот на подрачјето на Драчево физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга и им се заканувал со остри предмети нејзе и на нивниот син.

Тој потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Претходна вестРаботнички доби нов сопственик, Џевахир ќе го враќа на победничките патеки
Следна вестСтудентите излегоа на протест против измените на Кривичниот Законик