Нов протест одржаа денеска пензионерите од Штип на кој побараа линерално покачување на пензиите за 5.000 денари. Досега, шензионерите бараа линеарното покачување да изнесува 3.500 денари. Пензионерите најавија протест на 11 октомври со почеток во 10 часот, а потоа ќе следува и голем масовен протест во Скопје пред Влада.
До протестот доаѓа откако вчера министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека не е прифатливо барањето за линеарното зголемување на сите пензии.
Соња Арсовска член на Иницијативниот одбор за протести на пензионерите вели дека тешката социјална положба во која се наоѓаат, првпат во историјата на државата ги изнесе на улица за да си ги бараат своите права.
– Ќе продолжиме со протестите и ќе бараме и понатаму линеарно покачување на пензиите ама сега не за 3.500 денари, туку за 5000 денари, а зошто? Затоа што инфлацијата си го зема данокот, цените од 5 и 8 денари не ја менуваат нашата социјална положба, вели Арсовска, за Канал 5 телевизија.
Тие упатија и прашање до ресорната министерка, Јована Тренчеовска како може да се наруши стабилноста на фондот за пензинско и инвалидско осигурување ако има линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари, а не се наруши стабилноста на Буџетот кога се покачија платите на функционерите од 78 проценти.
– Немаме достоинствени пензии кои ќе ни бидат доволни за достоинствен живот, сакаме да си го земе секој она што му припаѓа. Ако направиме споредба 5.3 проценти со вашите 78 проценти, за линеарно ќе се наруши стабилноста на фондот, а со вашето покачување од 78 проценти не се нарушува стабилноста на Буџетот, порачаа пензионерите.
Фото: Архива