Пребрзото возење во Македонија е честа причина за соображајни несреќи. А за жал здивените возачи не се доволно скротени, ниту пак самите извлекуваат поука дека треба да намалат со додавањето гас.
Од МВР уверуваат дека работат на проблемот. На пример, вчера полицијата спровела засилена акциска контрола на целата државна територија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 188 возачи.
– Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 80 надвор од населено место, соопшти МВР.
Инаку, од министерството велат дека сообраќајните контроли ќе продолжеле и во наредните денови.
Ќе успее ли полицијата да ги стигне повеќето од збеснатите возачи и така да го намали големиот број на оние кои возат пребрзо и преопасно во Македонија?