Движењето Хамас e подготвено за разговори за потенцијално примирје со Израел, објави Ројтерс. Претставникот на Хамас, Муса Абу Марзук во разговор за Алџезира ја потврдил промената на позициите на радикалната групација. Запрашан дали Хамас е подготвен да разговара за можно примирје, тој рече дека е отворен за „такво нешто“ и „сите политички дијалози“.
Претходно, Египет испрати предлог за прекин на огнот до палестинската група и Израел. Каиро понудил да воспостави примирје додека не заврши размената на затвореници.
Според последните податоци, бројот на загинати Израелци од почетокот на воените дејствија е зголемен на 900, пренесува „Хаарец“.
Палестинското Министерство за здравство известува за 687 загинати во Појасот Газа.
Во моментов нема официјална потврда од Израел. Премиерот Бенјамин Нетанјаху се закани дека ќе го уништи Хамас.