Темен режим Режим на светлина

Случај „Онкологија“: Пред Анкетна комисија денеска ќе сведочат Беким Сали и Оливер Спасовски

Се уште нема одредени лекови на Онкологија: Итно мора да се најде и лек за неодговорноста, за што не треба тендери, туку казни, оставки… Се уште нема одредени лекови на Онкологија: Итно мора да се најде и лек за неодговорноста, за што не треба тендери, туку казни, оставки…

Актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали ќе бидат први коишто денеска ќе сведочат пред Анкетната комисија за случајот „Онкологија“. Новоформираната Комисија во макеоднското Собрание денеска ќе почне со својата работа во текот на која е предвидено да сослушува сведоци и експерти и разгледува акти и документи поврзани со скандалот во Универзитетската клиника. Претседателската на Комисијата Рашела Мизархи посочи дека како политичка партија поднеле дури 44 сведоци кои ќе треба да сведочат во врска со случајот со „Онкологија“.

Министерот Спасовски синоќа за „360 степени“ на МРТ1, прашан за случајот „Онкологија“, очекува дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и дека врз основа на нив ќе се конкретизира вината бидејќи, како што порача, виновникот секогаш има име и презиме. Тој кажа дека има докази, и тие докази се во Јавното обвинителство, дел од тие докази сè уште се вештачат, земени се огромен број материјали, огромен број електронски уреди, направена е екстракцијата на сите материјали коишто се од електронските уреди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Уште десет македонски државјани го напуштија Израел

Следна објава

Хамас бара преговори со Израел