Темен режим Режим на светлина

Британски државјанин сакал илегално да изнесе четири килограми сребрен накит

Околу пет килограми сребрен накит и бижутерија запленети се од цариниците во два случаи на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Во првиот случај, како што информираат од Царинската управа, кај британски државјанин, биле најдени четири килограми сребрен накит и бижутерија. Британскиот државјанин кој бил сопственик на продавница за накит се обидел среброто и бижутеријата да ги изнесе од државата без притоа да ја декларира стоката од комерцијален карактер кај царинските службеници.

-Накитот е откриен при контрола на рачниот и дополнителниот багаж кој е побаран од страна на царинските службеници по увид на картата на патникот, се вели во соопштението од Царинската управа.

Во вториот случај, додаваат од Царина, на влез во државата, кај турски државјанин кој патувал од Истанбул, при царинската контрола биле запленети 123 парчиња сребрен накит.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Инженерите реагираат: Чебрен и водите мораат да бидат македонски

Следна објава

Продавале дрога во комбе за сладолед, семејство осудено за шверц на кокаин во Велика Британија