Македонски државјанин со српски пасош уапсен во Албанија, баран за убиство

Во пристанишниот град Драч, албанската полиција уапсила 45-годишен македонски државјанин, при обид да ја напушти Албанија со пасош на српски државјанин. По деталните проверки извршени од страна на полицијата, во соработка со Интерпол Тирана, се потврди дека лицето Џенгиз Сејди алијас Џенгиз Исеини се бара од органите на Македонија, откако од страна на Обвинителството е одредена безбедносна мерка затворски притвор за сторено кривично дело „убиство“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека Интерпол Тирана во соработка со македонските колеги ги продолжува процедурите за екстрадиција на уапсеното лице.

Полицијата предупредува дека покрај секојдневните заложби за обезбедување квалитетна услуга на граѓаните кои влегуваат/излегуваат од земјата, службите на граничната полиција на пристаништето Драч имаат „засилени контроли и проверки, со цел да ги спречат граѓаните на кои им е сигнализирано дека се бараат и се обидуваат да влезат или да влезат надвор од овој граничен премин“.

Претходна вестПутин: Неопходно е создавањето на „независна суверена“ палестинска држава
Следна вестАрсовска: Советниците да ја изгласаат одлуката за 250 еко-автобуси, бесплатниот јавен превоз ќе се буџетира во 2024 година