Министерството за здравство со кое раководи Хамас соопшти дека околу 950 Палестинци се убиени, а уште 5.000 се ранети во израелските воздушни напади во Појасот Газа од саботата. Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле околу 1.500 палестински терористи на израелска територија откако Хамас почна напад врз израелските погранични заедници, убивајќи повеќе од 1.000 луѓе и заробувајќи уште десетици.
Министерството за здравство на Израел информира дека до денеска – на 3.007 повредени лица им била укажана медицинска помош во болниците низ Израел од почетокот на војната во саботата наутро.
Во овој момент, 471 остануваат во болница од кои 109 во тешка состојба.